Категории

(ВИДЕО) Прв настап во живо: Вака звучеше Јана Бурческа и „Dance alone“ во Лондон!

Нашата годинешна претставничка на Евровизија во Киев, Јана Бурческа, неделава ја стартуваше промотивната турнеја, а првата дестинација е Лондон.

Откако се потруди на сите новинари да им даде интервју и да им ги објасни деталите за песната, авторите, подготовките за настапот… се појави и на евровизиската забава пред лондочани.

Токму на овој настап Јана за првпат пред публика ја отпеа „Dance alone“, момент за кој и тамошните новинари се интересираа. Како звучи нашата евровизиска песна кога Јана ја пее во живо, гледате во продолжение:

Извор : Вистина.мк

Прегледи:
316
Објавено на:
06.04.2017