Видео: Сакате да се возите во оклопно борбено такси? Имате во Санкт Петербург

Едно оклопно извидничко возила се користи како такси низ улиците на Санкт Петербург – баш како и секое најобично такси. Обоено во црвено, возилото го привлекува вниманието со својот војнички дизајн и деактивираната митралеска купола.

БРДМ АПЦ (борбено-командно и извидничко возило) тргнал да вози како јавно такси по долгите напори да добие лиценца – која градските власти прво одбивале да му ја издадат.

Конечно била дадена дозвола, но со одредени услови, меѓу кои и менување на маскирниот дезен на возилото во нешто поцивилно. Така, сопственикот на БРДМ ја избрал црвената боја што се користи за противпожарните возила за неговото такси да се разликува од стандардните жолти такси-возила.

Исто така, поради неговата тежина, на БРДМ-таксито му е забрането да влегува на одредени улици во историскиот центар на Санкт Петербург.

Сегашната цена на возење е прилично „солена“ (нешто помалку од 100 долари), но за туристите сепак е прифатлива, за брачните двојки на меден месец или за некој што сака да седне на столчето на извиднички советски офицер.

БРДМ-таксито во Санкт Петербург не е направено поудобно и го задржало спартанскиот дизајн на едно советско оперативно возило.

Уште една корисна функција на БРДМ се неговите водоземни способности. Во текот на легендарните „Бели ноќи“ во Санкт Петербург во лето, секоја вечер мостовите се креваат за да можат големите бродови да поминат од Онежко Езеро во Балтичко Море и обратно. Поради оваа ноќна операција остануваат отсечени одредени области во Санкт Петербург, кој се наоѓа на неколку острови во делтата на реката Нева – а БРДМ-таксито може да ги однесе своите патници и на адреса право низ Нева.

Борбеното командно и извидничко возило БРДМ-2 се произведувало во Советскиот Сојуз од 1963 до 1989.


тагови


Коментари

коментари