ВИДЕО: Спиеш ли мирно, Роберто Карлос? Еврогол во Третата фудбалска лига на Македонија!

Во македонската Трета лига во последното коло падна вистински еврогол, постигнат во стилот на бразилската фудбалска легенда Роберто Карлос.

На натпреварот помеѓу Кит Го Пехчево и Брегалница Голак (2-1), играчот на гостите, Александар Георгиевски – Бене, постигна вистинско ремек-дело од слободен удар, од преку 35 метри. Фудбалерот зеде залет како Роберто Карлос и испрати проектил кон голот на домаќинот кој ни двајца голмани не би го одбраниле.

Александар Георгиевски често постигнува вакви голови и ова не е прв погодок за него од слободен удар. Брегалница Голак се наоѓа на осмото место во Третата лига – Исток.

Извор : gol.mk




Коментари

коментари