ВИКЕНД ХОРОСКОП (05 – 06 АВГУСТ, 2017)

Овен  

Во периодот помеѓу овие два дена, ќе успеете да воспоставите контакт со личност која одамна не сте ја виделе, а не сте престанале да мислите на неа. Оние кои се во сериозна врска, ќе имаат прекрасен период со многу моменти на нежност и разбирање. Покрај повремените болки во коските, можни се и полесни воспаленија на урино-гениталниот систем.

Бик

Ќе бидете во извонредна форма, која мора на секој начин да ја искористите. Ве очекуваат навистина убави и интересни авантури, кои од некоја причина, ќе сакате да ги избегнете. Во сабота, можно е да запознаете нови личности кои подоцна ќе ви бидат многу важни како на професионален план така и на емотивен. Минатото е поминато не се оптеретувајте со тоа мислете повеќе на иднината и она што го носи новиот ден.

Близнаци

Среќата оди во ваша насока, така што, некои работи кои сте ги посакале од поодамна можат да станат реалност. Вашиот сомнеж би можел да го наруши добриот однос со партнерот. Потрудете се да ги надминете безпричинските караници со саканата личност. Желбата да промените нешто ограничете ја на сопствениот изглед.

Рак

Во емотивната врска работите се поставени онака како што вие посакувате, не претерувајте со барањата можете повеќе да изгубите. Ќе имате мали недоразбирања со некои членови од семејството, потребен ви е компромис или едноставно побегнете од ситуацијата. Слободните ќе треба повеќе да се потрудат околу љубовниот живот и изборот на партнер.

 




Коментари

коментари