Категории

ВИКЕНД ХОРОСКОП (10 – 11 МАРТ, 2018)

Лав

Може да одлучите да и се посветите на работата многу повеќе отколку вообичаено. Тоа нема да биде нешто посебно туку обично средување на документите, кои сепак, некогаш мора да се средат. На крајот од викендот ќе бидете задоволни од постигнатото. Ако по завршувањето на оваа обврска немате повеќе обврски ќе имате многу време за работите кои ве интересираат вас.

Девица

Колку и да се надевате и да посакувате нешто да се случи, постои голема веројатност дека ќе се случи нешто сосема друго. Викендов помалку планирајте за да не се разочарувате ако работите не испаднат онака како што сакате. Покажете флексибилност и способност за прилагодување кон новонастанатите ситуации.

Вага

Ќе се насочите во различни правци, а личната слобода ќе ви биде главна визија, додека зборовите би можеле да бидат вашето најсилно оружје. Не грижете се, прифатете ги работите онакви какви што се и почнете да усвојувате нови навики. Размислувајте на креативен начин. Немате многу среќа со тоа што се случува на финансиски план, затоа задоволете се со тоа што го имате.

Скорпија

Ќе ви се зголеми желбата за патување и во следните месец дена ќе ја користите секоја можност за бегство од вашето место на живеење. Значително ќе ви се подобри расположението и ќе бидете како зрак светлина каде и да се појавите. Прифаќајте ги поканите за забави и свечености, движете се на места каде што има многу луѓе и не го избегнувајте склучувањето на нови познанства. Новите контакти ќе ви го збогатат животот со незаборавни доживувања.

 

1 2 3

Прегледи:
1042
Објавено на:
09.03.2018