ВИКЕНД ХОРОСКОП (15 – 16 АПРИЛ, 2017)

Овен

Ситуацијата во вашиот љубовен живот сѐ повеќе ќе се подобрува, така што ќе немате причина за грижа. Што се однесува до пријателството, овој викенд обрнете повеќе внимание на проблемите и потребите на вашите пријатели. Во сабота ве очекува пријатно изненадување од личност која ви се допаѓа.

Бик

Не секогаш љубезноста може да ви ги отвоти вратите. Кажете го вашето мислење, покажете ги чувствата и бидете она што навистина сте, бидејќи само така овој викенд ќе ви помине во знакот на добрите случувања. За подобро расположение, негативните коментари сфаќајте ги како комлименти.

Близнаци

Ве очекува викенд полн со изненадувања  на љубовен план. Доколку сте сингл, имате можност да запознаете некоја нова, интересна личност. Доколку пак, сте во врска, веројатно вашиот однос ќе достигне некое повисоко ниво. Што се однесува на пријателските односи, водете сметка колку се вашите пријатели искрени кон вас.

Рак

Викендов е совршен за патување. Додатен поттик нека ви биде топлото време и релаксирањето пред уште една напорна работна недела. Поведете некој пријател со вас и забавата е загарантирана. Со вашата атрактиност ќе успеете да шармирате многу луѓе.




Коментари

коментари