ВИКЕНД ХОРОСКОП (20 – 21 МАЈ, 2017)

Овен  

Не верувајте им премногу на луѓето. Тие единствено го сакаат вашиот неуспех. Затоа, овој продолжен викенд потрудете се да останете глуви на нивните коментари и поминете ги деновите во друштво на оние кои навистина ви се блиски.

Бик

Кој рече дека среќата и парите не одат заедно? Очекувајте мала сума на пари која дополнително ќе ви го разубави денот, а вечер, среќата ќе ви ја донесе некоја посебна личност. Не двоумете се премногу и отидете на забавата на која ве викаат пријателите.

Близнаци

И покрај лошиот старт на викендот, веќе во сабота попладне ќе се подобрат работите. Ова нека ви биде викенд за мали задоволства. Отидете во некој ресторан и изедете ја пицата за која долго време не можевте да соберете храброст. Една пица помалку или повеќе нема да ве здебели.

Рак

Можеби нема да ви оди во љубовта, но затоа се тука пријателите. Тие ќе направат такви планови, што ќе заборавите на сѐ негативно. Прошетка со пријателите до друг град звучи интересно, нели?

 




Коментари

коментари