ВИКЕНД ХОРОСКОП (28 – 29 ОКТОМВРИ, 2017)

Овен 

Викендов е совршен за патување. Додатен поттик нека ви биде топлото време и релаксирањето пред уште една напорна работна недела. Поведете некој пријател со вас и забавата е загарантирана. Со вашата атрактиност ќе успеете да шармирате многу луѓе.

Бик

Не очајувајте доколку ви се случи мала караница со партнерот. Со добар и мирен разговор може сѐ да се реши. За оние кои не се во врска, во сабота навечер, бидете подготвени за еден повик од некоја личност која ви се допаѓа.

Близнаци

Дефинитивно ова се деновите кои ќе сакате да ги преспиете. Бројните напнати ситуации само дополнително ќе ви го уништат викендот, а ни вашиот партнер нема да се потруди да ве расположи. Вечерва легнете си порано, утре е нов ден.

Рак

Поради вашето макотрпно работење, време е да се почестите со шопинг. Внимателно разгледајте ги продавниците, можеби ќе најдете одлично парче облека кое добро ќе ви прилега. Во недела вечер, излезете и релаксирајте се пред напорната работна недела.

 




Коментари

коментари