Викторија Бекам промовира лак за нокти

victoria-nails-mainДизајнерката Викторија Бекам ги здружи силите со компанијата Nail Inc., за да создаде прва лимитирана колекција лакови за нокти.

Линијата лакови ќе ја одразува облеката што ја прави Викторија. Ќе има бои како бамбус бело и црвено, како бојата на ременот во џудо, што е референца на пролетната нејзина линија инспирирана од Јапонија. Шишенцето на лакови исто така е дело на дизајнерката. Предниот и задниот дел на шишенцето ќе биде во мат бела или црна боја, а од страните ќе биде транспарентно, за да се гледа каква е бојата на лакот.

Колекцијата ќе биде пуштена за претпродажба в понеделник, а во продавниците ќе излезе во февруари.




Коментари

коментари