Вила со воодушевувачки поглед кон Тихиот океан

 Елен Деџенерис, славната комичарка и една од најпознатите телевизиски водителки купи нова вила на калифорниското крајбрежје, која ја чинеше околу 19 милиони долари.

Вилата е со отворен поглед кон Тихиот океан, со приватна плажа и простран двор во кој е сместен базенот и приватното тениско игралиште.

Ентериерот е уреден според системот на отворен простор во кој доминира природната светлина преку огромните прозорци.

Имотот располага  со четири спални соби, секоја со свое купатило, како и посебна гостинска куќа.




Коментари

коментари