Вистинска среќа и инспирација е Андријана Грковска, олимпиец-знаменосец на Македонија

Среќа се лицата како Андријана Грковска, кои иако се соочуваат со животни потешкотии, сепак наоѓаат сила и се упорни во тоа да бидат најдобри.

Андријана е олимпиец-знаменосец на Македонија, таа е со оштетен слух, но нејзиниот тренер вели дека таа е мирна и посветена, дисциплинирана и неуморно работи.

Таа е вистинска гордост и инспирација. Таа е девојка која ја буди свеста кај народот дека посветеноста носи резултати, безразлика на пречките кои ви ги носи животот. Благодарение на Нова ТВ ние дознаваме повеќе за оваа девојка која ќе ја претставува Македонија во Турција и ни ја пренесува пораката дека Сите сме исти на одличен начин.




Коментари

коментари