Вкусен рецепт за плескавици од киноа и моркови

Ако сеуште се прашувате што е киноата и зашто да ја јадете, може повторно да прочитате тука. 

Овој пат ќе ви дадеме идеја како да ја приготвите киноата, а тоа да биде здраво и вкусно истовремено. Наш предлог е киноа и моркови, приготвени како плескавички, испечени во рерна за целосно здрав и хранлив оброк.

 Состојки за две порции

  • 100 грама киноа
  • пола главица кромид
  • два моркова (поголеми)
  • 1 јајце
  • 1 чешне лук
  • магдонос
  • нане
  • 1 лажица лебни трошки
  • маслиново масло

Измиената киноа се става да се вари на слаб оган во вода 1:3, додека водата не испари (15-20 минути) или пак се натопува во топла вода и се остава преку ноќ да набабри. Потоа ги сечкате лукот и кромидот ситно, го рендате морковот и ги мешате сите состојки заедно со киноата, јајцето и зачините по вкус. Добро се меша и се прават мали топчиња кои ги ставате во тава која предходно сте ја намачкале со масло или пак обложена со хартија за печење. Се печат околу 20 минути на температура од 200 степени, се додека не се заруменат. Послужете со свежа салата, а нискомаслената павлака како сос е одличен вкусен избор.

 




Коментари

коментари