Категории

Внимавајте: Не наседнувајте на оваа Фејсбук објава!

На Фејсбук започна да кружи објавата насловена „10 Concerts I’ve Been To, One is a Lie“ – немојте да одговарате на неа и не ја споделувајте.

Имено, со нејзино споделување, може да споделите нешто што не би сакале да го споделите со интернет јавноста: одговор на тајно прашање со кое го потврдувате вашиот идентитет онлајн.

На Фејсбук и многу други платформи обично се логираме со внесување на корисничко име и лозинка. Кога некој ќе се обиде да влези на вашиот профил, една од мерките за заштита е сигурносно прашање. Тоа прашање, да речеме, може да биде: „На кој концерт сте биле првпат во животот?“

Хакерите можат да ја злоупотребат популарноста и виралноста која ја стекна споменатата објава на Фесјбук за да влезат во корисничките профили и меилови. Всушност, можно е самите хакери да ја создале објавата.

Затоа, експертите за компјутерска безбедност советуваат сите оние кои објавиле вакви податоци да ги избришат или да го променат одговорот на сигурносното прашање. Покрај тоа, тие препорачуваат избирање на лозинка која е тешка за погодување (комбинација на букви, бројки и симболи) како и потежок одговор на безбедносното прашање.

извор:факултети.мк

Прегледи:
286
Објавено на:
03.05.2017