Во плакарот на Џесика Алба

Актерката се појави на светското случување EXPERIENCE: East Meets West, кое се одржа минатиот февруари. Џесика Алба избра тоалета во која изгледаше елегантно и небрежно. Веднаш се забележува впечатливата блуза со навезена глава на тигар од Kenzo. Блузата е во комбинација со кожено здолниште кое ѝ ја истакнува витката фигура.

Модните додатоци се црни чизми до глуждовите и темнозелена чанта со нитни на „Valentino“. Да не го заборавиме и златниот ѓердан. Што се однесува до маникирот на актерката, многу од читателите на сајтовите забележаа дека Џесика е со несовршен маникир – прст намачкан со црвен лак и непрофесионално лакирани нокти.

 




Коментари

коментари