Во плакарот на Џенифер Лопез

слика под наслов

Овојпат ќе обрнеме внимание на тоа како изгледаше сексапилната латино девојка Џенифер Лопез на црвениот килим. Пеачката е од оние жени кои се гордеат со своите облини и умешно успеваат да ги истакнат. На забавата за осмата сезона на American Idol, Џенифер Лопез повторно ги полуди сите со совршениот изглед. Ѕвездата беше облечена во кожен црно-бел фустан од есенската колекција за 2014 на Том Форд. Дизајнерското ремек дело го надополнуваа бели чевли со високи потпетици. Со тој изглед, Џеј Ло, по којзнае кој пат, доказа дека умее да биде секси без тоа нејзината фигура да ја премине границата на добриот вкус.

Слика 1 Слика 2

Неколку дена подоцна, латино дивата присуствуваше на забава организирана од телевизијата Fox. За оваа прилика, пеачката одбрала црн кожен фустан до под колениците од Resort колекцијата за 2014 на Ermanno Scervino. Друштво на тоалетата ѝ правеа чифт чевли од Jimmy Choo и црна плик чанта Thalé Blanc со Swarovski кристали.

Слика 4 Слика 5




Коментари

коментари