Во плакарот на Џесика Бил

 

Откако Џесика Бил е заедно со Џастин Тимберлејк, актерката блеска од среќа и љубов на секој црвен килим. Темнокосата убавицата мирисаше на романтика и љубов за време на доделувањето на наградите ESPY во Њујорк (11.07.2012). 30-годишната ѕвезда се појави облечена во бело од глава до петици. Косата ѝ беше собрана одзади, единствено перчето од страна стоеше некако небрежно. Во стил на ретро фризурата, Џесика се одлучила за едноставна шминка, истакнувајќи ги единствено очите.

Белиот фустан од Resort колекцијата на Кристијан Диор за 2013, беше нејзината комбинација од тесен горен и широк долен дел. И покрај интересниот крој, фустанот го зачувал својот беспрекорен и модерен стил.

Единствениот накит кој ја красеше раката на Џесика Бил беше впечталивиот веренички прстен. А можеби најслаткиот и неочекуван дел од тоалетата на Џесика беа обувките, кои придаваа свеж акцент на нејзината визија. Обувките од колекцијата пролет-лето на Николас Кирквуд го привлекоа вниманието со дебелата потпетица со флуросцентно зелена боја.




Коментари

коментари