Во плакарот на Лејди Гага

Лејди Гага беше еден од специјалните гости од божиќниот концерт Capital FM Jingle Bell Ball, кој се одржа во Лондон, во познатата сала 02 Arena. Изгледот на пеачката овој пат успеа да собере најголеми овации со русата и неверојатно долга перика во раста стил.

Тоалетата која повеќе личеше на пижама којашто Лејди Гага ја носеше е порачан модел и е дело на нејзината добрата пријателка Донатела Версаче.

И сепак, кога зборуваме за Лејди Гага, треба да бидеме начисто дека некои установени правила за облекувањето треба да бидат отфрлени. Признаваме дека овојпат нејзиниот изглед ни се допадна. Или поточно, ни се допадна пред да видиме какви високи лакирани обувки носеше на нозете. Повеќе сме за златниот ѓердан на Версаче, но и тој малку како да не се совпаѓа со тоалетата. Што мислите вие?


тагови


Коментари

коментари