“All I Want For Christmas Is You” и донесе голема заработка на Мараја Кери

Новогодишните и божиќните празници не можат да поминат без мегапопуларните музички хитови, меѓу кои е и песната на Мараја Кери, “All I Want For Christmas Is You”, која таа ја отпеа во 1994 година. Оваа песна и донесе голема заработка.

Во последните денови оваа песна е најслушана на “Spotify” и се наоѓа на врвот на листата на 13-те најпопуларни Божиќни песни. До крајот на ноември оваа година, oваа песна беше 210 милиони пати. Секако, најслушана е за новогодишните и божиќните празници.

Интересен е фактот што Мараја Кери песната “All I Want for Christmas Is You” ја има напишано за 15 минути. За снимањето на песната и продукцијата и помогна музичарот и продуцентот Валтер Афанасиеф. Песната се најде на нејзиниот прв божиќен албум “Merry Christmas”,  кој беше објавен на 1 ноември 1994 година.

 




Коментари

коментари