Категории

The Weeknd ги најави новите трендови кај машката мода

“Spring Icons Selected by The Weeknd” е новата машка колекција во соработка со брендот H&M, составена од клучни парчиња кои ги избра една од најпопуларните светски ѕвезди и уметници – Абел Тесфаје познат како The Weeknd. Колекцијата сочинува удобна ‘street’ мода со прилагодени кроеви, во која се вклопени најважните парчиња на машка облека за оваа сезона. Колекцијата ќе биде достапна во сите H&M продавници кои имаат машки оддел, како и онлајн, од 2 март.
„Одлично се забавува одбирајќи ги клучните парчиња за H&M. Многу ми се допаѓа комбинацијата струкирани маици и сакоа со модерни артикли како што се бомбер јакни и маици со капи. Секој од нив зрачи со опуштеност и свежина што укажува на тоа каква треба да биде машката облека“, изјави Абел – The Weeknd.

„Вкусот и стилот на Абел совршено одговараат на машката колекција за оваа сезона. Тој има „око“ за деталите кои се потребни за комбинирање на класичните и модерни артикли со уличната мода и струкираните кроеви“, изјави Андреас Ловенстам, менаџерот на машкиот оддел за дизајн на H&M.

Прегледи:
222
Објавено на:
03.02.2017