За оваа венчаница деновиве зборува целиот свет

27 годишната манекенка на Викторија Сикрет се омажи во најубавата венчаница која сме ја виделе оваа година, но и фустаните на деверушите се подеднакво волшебни.


Шанел Иман и Стирлинг Шепард официјално запловија во брачните води. Познатата манекенка и американскиот фудбалер, минатиот викенд ги разменија своите завети во церемонија во Лос Анџелес пред своите семејства и пријатели. Парот се запознал на крајот на 2016 година, а крајот на 2017 година се вериле.


На романтичната венчавка, Шанел носеше совршена венчаница со потпис од Зухаир Мурад, за која деновиве зборува целиот свет. Она што ја направи венчаницата уште поуникатна е и велот кој нежно и паѓаше преку рамениците. Толку шик и необично, а сепак класично!

The Shepard’s

A post shared by Chanel Iman (@chaneliman) on




Коментари

коментари