За овие жени мажите велат дека се лоши во креветот

Објаснувањето не е така едноставно како што можеби изгледа. Не се работи само за техниките, туку проблемите се многу подлабоки и се однесуваат на психата и карактерот.

Колку е некој добар или лош во креветот – може да се расправа бесконечно, бидејќи тоа што за некого е лошо, за друг е фантастично. Сексот треба да биде тоа што врската помеѓу две особи ја води на повисоко ниво на интима и емоции, а не само празнење на страста без чувства или себично задоволување на своите потреби.

Ова се некои од причините поради кои некои мажи сексот го сметаат за неквалитетен:

Несигурноста на жената поради нејзиниот физички изглед

Многу жени се чувствуваат непријатно да се соблечат пред партнерот или да водат љубов со вклучено светло. Тоа само покажува дека сметаат дека не се доволно убави и совршени и се срамат од тоа. Тоа пак, води до низок степен на самопочитување, срамежливост и поради тоа не можат да се опуштат во креветот.

Никој не е совршен! Таков човек едноставно не постои. Сите ние имаме маани и треба да ги прифаќаме како своите така и туѓите. Мажот кој искрено ја сака својата жена ќе ги сака и нејзините маани. Затоа, опуштете се и дозволете му на вашиот партнер да го запознае вашето тело до најситниот детал. Соберете храброст и облечете секси парче долна облека. Ќе се чувствувате самоуверено и привлечно, а со тоа и поопуштено.

Недостаток на интима и блискост

Блискоста и интимата со партнерот е клучна за секоја квалитетна врска. Сексот е кулминацијата на сето тоа. Некои жени знаат да ги казнуваат и уценуваат своите партнери со ускратување на интимните моменти. Тоа е се само не добро и паметно. Манипулација од било кој тип, посебно ваква, не може да заврши добро.

Постојат и жени кои ги ускратуваат интимните моменти со партнерот несвесно, особено во долгите врски. Прегратка, бакнеж, убав збор се гестови кои треба да се практикуваат секојдневно. Со тоа покажувате искрена љубов кон партнерот, а тоа води и кон подобар сексуален живот.

Запуштениот изглед на жената

Доколку сте во долга врска, не значи дека треба да го запоставите својот изглед. Нормално дека нема да се шминкате секое утро само за да му бидете попривлечни на партнерот, бидејќи тој ве сака и без тој слој шминка. Но, понекогаш треба да се потрудите да ја разгорите страста како на почетокот на врската.

Исто така, немојте да дозволите да се запуштите по дома, со нечиста коса, искината облека, влакнести нозе и зголемен број на килограми. Доколку си го дозволите тоа, не само што ќе изгледате се полошо, туку и ќе се чувствувате така, ќе ви се намали самодовербата и тоа ќе се одрази на сексуалниот живот.

Имате секс само кога е совршено

Нормално е дека совршени моменти за секс има многу малку, па затоа не чекајте погодно расположение за секс, туку потрудете се – доколку не сте во такво расположение, променете го тоа.

Допирајте се меѓусебно, масирајте се, запалете свеќи, пуштете сензуална музика, наточете вино, гледајте се во очи… Управувајте со вашето време и настани онака како што вие посакувате. Не чекајте нешто да се случи неочекувано, па дури ни сексот!




Коментари

коментари