Зад познатата балада на Тоше се крие трагична судбина-ќе се наежите кога ќе слушнете како настанал големиот хит!

Зад Тоше останаа бројни песни, и сите станаа хитови. Сепак една од карактеристичните нумери која се поврзува со неговото име е неговиот голем хит „Соба за тага“.

Текстот за песната всушност го напишал еден затвореник кој поради несреќна љубов завршил во затвор.

Имено, стиховите од кои се одвојува „залудно го симнувам твојот грев од себе“ ги напишал маж кој отслужувал затворска казна бидејќи го убил љубовникот на својата девојка.

Текстот после извесно време стигнал до Тоше, по што славниот уметник ја отепал песната. Останатото е историја која не е прекината ниту со смртта на Тоше бидејќи тој секогаш ќе живее во сеќавањата на сите.

Инаку на 16 октомври ќе се наврши деценија откако Тоше не е меѓу живите.




Коментари

коментари