„Заљубена во спомените“

2b61f3abfb92312e56665db2397a2682И немам проблем со тоа некој да го преболам, со време ликот ќе избледи, се што останува е само по некое сеќавање.
Мене и онака на моменти ми е тешко да си ги обуздам мислите. Со часови знам да одлутам во светот на некоја добра книга, да тргнам во поход кон ослободување на фантазиите, и да оставам на чекорите да ме водат некаде..
Никогаш не сум сама, понекогаш знам да се изнаприкажам и со ѕвездите..
Еј па тие знаат се, дури го имаат и лекот за болните сеќавања, можат да ја избришат секоја тага и болка, но единствено што никогаш не успеаа да избришат се насмеаните лица, оние шепотења кои ти го топлат срцето..
И не е човек она што го боли човека, него го болат сеќавањата кои тој му ги оставил,посебно тие убавите, никогаш непрежалените. Не, не ми е тешко да се одзаљубам од некој, тешко ми е да се одзаљубам од спомените!

– Кукла од Памук

http://kuklaodpamuk.blogspot.com
https://www.facebook.com/kuklaodpamukblog

 




Коментари

коментари