Започнува снимање на новата сезона од серијата “Game of Thrones”

Снимањето на долгоочекуваната сезона од серијата “Game of Thrones” наскоро ќе започне во Дубровник.

На локациите во Дуброник каде што ќе се снима, поставени се и заштитни огради за да се оневозможи љубопитните фанови да се доближат до сетот.

Снимањето ќе трае само неколку дена. Во Дубровник се очекува да пристигне целата екипа на серијата, меѓу кои за прв пат ќе пристигне и ѕвездата на серијата, Кит Харингтон.

Продукцијата за осмата сезона од серијата фановите ќе можат да ја гледаат на пролет 2019 година.




Коментари

коментари