Категории

Запознајте се со Mercedes-Benz GLC Coupe, кој го дизајнираше Македонецот Славче Таневски!

Сензуален дизајн на купе, со чувство на SUV присуство. Ваков автомобил е навистина реткост, а човекот кој стои зад ова ремек дело е македонецот…

Замислете си дека ве претекнува некој моќен автомобил на автопат Прво го гледате автомобилот однапред, па од страна, се додека не се изгуби во недоглед, кога веќе ги снемува и последните точки светлина од неговите штопови. Токму преку тој поглед ќе го претставиме и овој автомобил кој го заслужува тоа, ако не за друго, барем за изгледот, чиј голем дел е дизајниран од Македонецот Славче Таневски.

Донстоинствено агресивната предна маска поткрепена со голема алуминиумска ѕвезда, преку блескавите LED – фарови, ја започнува совршената линија. По таа линија поминува секоја молекула на воздух и патува кон средината каде веќе е пресечена од острите странични линии кои завршуваат некаде при крај на задната врата.
Следи затишје… – израмнет дел на задните „крила“, се со цел да се истакне линијата на кровот, која дава чувство дека автомобилот има аеродинамика доволна за да се мери со најспортските супер-автомобили. Задниот дел е грациозно издигнат, како да сака да покаже блага надменост, која секако ја оправдува со огромните на косо поставени ауспуси, по два од секоја страна.

2

Овој ѕвер ќе го придвижува V6 biturbo агрегат со 367 коњски сили кои до сите четири тркалат(4MATIC) ќе бидат пренесени преки 9-степен автоматски 9G-TRONIC менувач. Допирот со асфалтот ќе го оствари преку тркалата кои се состојат од алуминиумски бандажи од 21 инч.
 Фаровите и штоповите светат исклучиво во „LED нијанса“, а има протекција на подвозјето на предниот, како и на задниот дел од возилото.
Прегледи:
346
Објавено на:
29.06.2016