Категории

Заспијте во Лос Анџелес и разбудете се во Сан Франциско за 115 долари

Во блиска иднина би можеле да патуваме од Лос Анџелес до Сан Франциско со „flying Uber car“. Но, до тогаш, добра алтернатива е и кабинскиот автобус.

Лансиран во 2016 година и порано познат како “SleepBus”, овој кабински автобус им овозможува на патниците да заспијат во Лос Анџелес и да се разбудат во Сан Франциско за околу 100 долари во еден правец.

Кабинскиот автобус патува од Санта Моника, западно од центарот на Лос Анџелес, до Сан Франциско седум дена во неделата. Заминува во 11 часот навечер, така да патниците имаат скоро цел ден да поминат во градот.

За регистрација, потребни ви се само 10 минути. Патувањето ќе ве чини 115 долари, што е навистина ефтино, за разлика од цената која би ја платиле за авионска карта, која може да чини и 150 долари.

За разлика од авионските компании, за кабинскиот автобус не можете да резервирате одредена кабина.

 

Прегледи:
327
Објавено на:
21.12.2017