Заспивате со шминка на лицето? Погледнете на какви инфекции се изложувате

Акни, брчки, паѓање на трепки и алергии се само дел од последиците на оваа штетна навика. Шминката со тек на време создава непробивна бариера на кожата.

Кожата преку ноќта длабински се обновува, а за да дојде до тој процес потребен и е кислород. Со пудра, руменило и маскара на лицето, ова е невзможна мисија за кожата, па поради тоа доаѓа до прерано стареење, проширени пори, акни, брчки и инфекции.

Кожата се менува на секои 30 денови, а поголемиот дел од мртвите клетки останува залепен на површината, па поради тоа, потребен е темелен пилинг на неколку месеци, за да се уништи таа бариера на кожата. Пудрата може да биде одличен пријател на нашата кожа и изглед преку денот, но доколку не ја отстраниме во текот на ноќта, станува наш непријател.

Вадењето на маскарата пред спиење е исто така многу важно за нега на лицето. Трепките кои се изложени на маскара преку ноќта многу бргу стануваат тенки и кршливи, а дел од нив и паѓаат. Уште полошо е тоа што овој омилен козметички производ може да биде причина за појавата на инфекција на очите, која води до оштетување на видот.

Не го занемарувајте ниту пак бришењето на карминот, особено на мат кармините кои ја извлекуваат влагата од усните, па поради тоа имаме суви и испукани усни, а на вакви усни ниеден кармин не прилега. Бришењето на шминката не влијае врз колагенот, но влијае врз хигиената на кожата бидејќи ги затвора порите, прави наслаги на мртви клетки и на тој начин се зголемува бројот на бактериите и паразитите кои живеат на кожата.

Никој не сака неговата кожа да изгледа оштетено и уморно, па затоа, без обзир на околностите исчистете го своето лице, очи и усни пред спиење. Иако повеќето жени преферираат чистење на лицето со влажни марамчиња, сепак најдобар избор е млекото за чистење на шминка и мицеларната вода.




Коментари

коментари