Категории

Зборови неискажани и мисли занемарени

Како никогаш до сега радозналоста не ме обземала волку многу.

Знаеш понекогаш постојат работи кои за некој се сосема логични, а за некој тотално необјасниви.Толку многу прашања на кои можеби никогаш нема да добијам одговор.…зборови неискажани, мисли занемарени, погледи забранети, копнежи безнадежни, желби безброј и реалноста.. Реалноста е таа која секогаш ме враќа онаму од кај што сум тргнал.. 

Поминувам низ тортура, безумие, и со влажен поглед гледам низ прозорецот на спомените. Кога некогаш размислував за крајот на оваа приказна , не посакував ништо повеќе од искрена мисла, искрен поглед, и едно трнливо збогум. Посакував искрени зборови и реална причина кои ќе ми покажеа дека некогаш навистина и искрено сум значел некому. Се прашувам… зошто крајот мораше да биде исполнет со лаги? Зарем не расмислуваше дека еден ден се ке излезе на виделина? Зарем не помисли на последиците, зарем не ти текна дека може да биде многу полошо или пак со сила ме тераш да го заборавам и она сега болно сеќавање за тебе и  она што го поминавме заедно?

Не можам да сфатам како одеднаш исчезна се… Денеска ми викаш дека бескрајно ме сакаш и не можеш ни ден без мене, а веќе утре не сакаш ни да ми кренеш слушалка кога те барам, а кога ќе се јавиш пак, едвај изустуваш два збора.

После подолго време се гледаме, а ти не сакаш ни да ме гушнеш нити па да ме бакнеж како што доликува на еден пар , а наместо тоа добив обичен безначаен другарски бакнеж со изговор дека ќе то се растури шминката…. И одеднаш ми раскажуваш како сакаш да си во друг град, со некои други луѓе, изморена од сите вклучувајќе ме и мене , човекот без кој пред два дена не можеше да се замислиш.

1 2

Прегледи:
772
Објавено на:
21.03.2016