Чек дис аут
Search


Здрав шејк кој ќе ви ја задоволи желбата за сладолед

Ништо не може да го замени вкусот на сладоледот, но можете барем да му најдете здрава опција. Вкусно, свежо и благо, овој шејк е богат со протеин, калциум и антиоксидани.

Потребни состојки

  • 80 грама замрзнати малини
  • 140 грама грчки јогурт (или обичен)
  • половина банана (може и смрзната)
  • 1 лажица мед
  • 2 лажици какао
  • 2 лажици чиа семе
  • ½ лажичка екстракт од ванила

Сите состојки ставете ги во блендер и измешајте ги. Ќе добиете смеса која ќе ви ги задоволи желбите за благо, а истовремено ќе внесете хранливи состојки за вашиот организам.




Коментари

коментари