“Зелена линија на смртта” се појавува на екранот на iPhone X

Некои од сопствениците на новиот iPhone X почнаа да ги пријавуваат првите проблеми со уредот, тврдејќи дека на екранот од телефонот им се појавува зелена линија.

Голем број корисници на Apple телефоните пишуваат на социјалните мрежи дека на  голем дел од телефоните се појавува зелена линија низ целиот екран која корисниците ја опишуваат како „зелена линија на смртта“.

Зелената линија се појавува по кратко време на нормална употреба. Овој проблем досега го пријавија купувачи од САД, Канада, Полска и Австралија.

Apple одлучи бесплатно да изврши замена на уредите, но дел од потрошувачите се жалат дека тој процес се одвива многу бавно.




Коментари

коментари