Зеленчук за убава кожа

Сите сме свесни за придонесите од зеленчукот и овошјето. Неверојатно е што може да направи здравата и балансирана исхрана за нашиот изглед, но сте се запрашале ли кој зеленчук поединечно, на што влијае? Ние имаме одговори.

За воспаленија – црвена и жолта пиперка.

Тие се богати со каротеноиди, кои го смируваат црвенилото. Тие исто така содржат витамин Ц, кој учествува во производството на колаген, кој е неопходен за минимизирање на појавата на линии и брчки.

За акни – кинеска зелка.

Содржи високо ниво на цинк, кој помага да се намали појавата на акни.

За темни дамки – спанаќ и соја.

Содржат високо ниво на антиоксиданси, кои помагаат да се намали хиперпигментацијата.

За севкупна благосостојба – моркови.

Тие се најголемиот извор на бета – каротен, форма на витамин А кој е одговорен за здрави и оптимизирани кожни клетки.

За превенција од сонце – печурки.

Високото ниво на селен помага да се намали штетата која ја предизвикуваат штетните сончеви зраци.

Цвекло – антиоксидансна експлозија.

Цвекло содржи антоцијаниди, едни од најмоќните антиоксиданси кои постојат. Тие може да ги спречат слободните радикали кои штетат на организмор, исто така има антиканцерогени и анти – стареечки бенефити.




Коментари

коментари