Категории

Земјотрес во Грција од 5 степени, почувствуван и во Македонија

Грција вечерва ја потресе земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер. Потресот се случи 22 минути по полноќ, а е почувствуван и во Бугарија и во јужните делови на Македонија, во Гевгелија, Струмица, Валандово.

Македонските граѓани кои живеат во близина на грчката граница, на социјалните мрежи пишуваат дека земјотресот силно здрмал и многу ги вознемирил.

Засега нема информации за евентуални штети или жртви. Се уште не е објавено ни каде бил епицентарот за земјотресот.

Прегледи:
244
Ознаки:
Објавено на:
19.11.2016