Женски затвор се претворил во модна писта

Затвор во централен Израел ” Неве Тирза” се претворил во модна писта откако во него била одржана ревија на која затвореничките ги претставиле своите креации кои ги дизајнирале.

Затвор во централен Израел ” Неве Тирза” се претворил во модна писта откако во него била одржана ревија на која затвореничките ги претставиле своите креации кои ги дизајнирале. Ова всушност било дел од програмата за рехабилитација која има за цел да ги мотивира затвореничките да работат нешто, а истовремено им ја враќа и самопочитта која ја изгубиле после долгото време поминато зад решетки.

Намерата ни е на затворениците да им пружиме опција за создавање на нешто ново во нивниот живот, сакаме да ги мотивираме и да им покажеме дека и после излегувањето од затвор тие имаат што да прават во својот живот”, изјавил раководителот на програмата, Ианив Шварц.


Затвореничките работеле заедно со студентите од Студио 6Б, а креаирале колекции кои што биле инспирирани од британската војска и индиските верски симболи. Облеката ја украсиле со цвеќе, животински принтови и геометриски облици, а учеле и како да шминкаат и да прават фризури во склоп со облеката која манекенките ја носат на себе. Моделите парадирале на црвен тепих, кој бил поставен пред бодликава жица и зад големите ѕидови.

Сакавме нивното време поминато во затвор да го искористат конструктивно”, додал Шварц.

Во ” Неве Тирза” има над 200 затворенички, кои се на возраст од 18 до 70 години.




Коментари

коментари