„Женското срце е како море полно со потонати тајни“

Секоја љубов е различна на свој начин. Љубовта е најубавото нешто во животот. Таа за мене е нешто убаво, но неописливо со зборови. Во љубовта некогаш се чувствуваме осамени, затоа што не секогаш е возвратена. Срцето наше ги знае чувствата, тајните и желбата за љубовта. Кога во нашето срце нема љубов, тоа е како птица без крилја. Црвената боја е знак на љубовта. Во нашето срце чуваме едно тајно место во кое се сместени емоциите и желбите за нашата љубов. Љубовта нема крај. И целиот свет да ни го нудат, ние пак ќе ја одбереме личноста што ја сакаме. Во љубовта треба да сме храбри и смели. Секој човек е навикнат на некоја љубов. Таа ни прави многу лудости во животот.

Љубовта е единственото чувство што не го добиваме онолку колку што го посакуваме, но и единственото нешто што не го даваме доволно. Кога сме заљубни сме како некои будалетинки, бидејќи љубовта не прави такви. Таа е многу кратка, но зборовите за неа се бескрајни. Срцето е убаво, дури и кога е скршено, затоа што скршените работи имаат посебна убавина. Понекогаш тонеме во нашите фантазии и љубовениот занес. За љубовта нема лек, затоа што самата таа е лек. Љубовта не можеме да ја видиме во очите, туку можеме само да ја почувствуваме. Заљубениот човек станува поет. Таа не прави да сме мудри. Љубовта не можеме да ја сокриеме. Ако некого спречиме да го прави она што го сака, ќе не мрази. Љубовта не прави нетрпеливи. Добрината е убавото нешто во љубовта. Нека секоја наша замисла биде остварена мечта. Женското срце е како море полно со потонати тајни. Вистинската љубов во животот е најважна.

 

Т.Р.




Коментари

коментари