Жестоко моќната колекција на Saint Laurent

Модната куќа Yves Saint Laurent го избра брегот на реката Сена и легендарниот Pierre Bergeu како сет за претставувањето на својата нова колекција за пролет 2018.

Колекцијата го рефлектира препознатливиот стил на брендот провлечен низ карактеристичните детали на креативниот дизајнер Антони Вакарело. Ревијата беше отворена со неверојатно моќен видик од блејзери и јакни во оштри облици и кроеви, во сребрени и златни нијанси, легендарните одела-фустани во комбинација со колани кои го нагласуваат струкот, длабоки чизми од крзно, како и многу перјасти и екцентрични блузи и јакни.

“Сакам жената која го носи Saint Laurent да има забавен живот и да ужива во Париз, а ноќе да ја обожава темнината. Иако Ајфеловата кула е веќе клише, сакав да ја вметнам во мојата тема, погледот од таму е величенствен”, изјави дизајнерот.




Коментари

коментари