Категории

Жежок тренд: Асиметрично здолниште

Кога овој модел на здолниште се појави на големата врата помисливме дека е уште еден тренд кој за брзо ќе замине во историјата, но еве после 2 години одкако Хелмут Ленг го претстави овој тренд, може со сигурност да се каже дека го надминаа дури и трендот на класичните pencil здолништа..
Секако секоја следбеничка на модата задолжително мора да поседува класична pencil сукна во неколку бои, но овој вид здолниште едноставно е неизоставен дел од стилот бидејќи внесува поинаква димензија и разиграност во комбинациите.. Овој вид здолниште дефинитивно е симбол за party летна униформа, но кој би рекол дека не може да изгледа подеднакво елегантно и софистицирано кога сакате да изгледате како деловна дама.. Погледнете ја галеријата во која припремивме палета од комбинации со овие асиметрични здолништа по што сигурно веднаш ќе заклучите дека тоа мора да биде дел и од вашиот стил.

 

Прегледи:
603
Објавено на:
07.07.2016