„Живеам за себеси“

0cd37ab7bf5d0c29bb79c504ee6608ec„Пред да се заљубам во тебе ќе се заљубам во себеси. Ќе ги изберам најубавите бледо виолетови цветови и ќе им се насладувам на мирисот се додека имам воздух во градите. Ќе го купам најскапиот шампањ и оние вкусни чоколадца од кои секогаш се здебелувам. Ќе го подготвам онај француски специјалитет чие име никогаш не можам да го запаметам предизвикувајќи го гладот на двобој. Ќе си го подарам оној тесен везен фустан кој наредниот месец можеби веќе нема да ме собере, но до тогаш имам уште време да и парирам на ноќта како нејзина господарка. Ќе танцувам на омилените стари песни кои ми го растреперуваа срцето пред да те запознаам. Ќе ги посетам сите оние места каде што оставив парчиња од себеси и повторно ќе ги соединам.И понекогаш ќе си го дозволам и луксузот да ми недостигаш, да ги оставам раните да крварат пред да посегнам по твоите конци за спасување. Затоа што пред се јас сум таа која со која ќе го поминам остатокот од мојот живот а твојот ред може да почека.. Затоа што пред да го научам ова срце да бие за мене, нема да можам да живеам за никој друг.“

– Кукла од Памук

http://kuklaodpamuk.blogspot.com
https://www.facebook.com/kuklaodpamukblog




Коментари

коментари