Зимските деца се занимаваат со јавни професии и имаат висок коефициент на интелигенција

Истражувањата низ годините покажале дека годишното време на раѓање на детето влијае врз неговиот развој. Слабите коски, психичките болести, па и интелигенцијата, зависат од сонцето и витаминот Д. 

Статистичките податоци покажуваат дека врз равојот на детето големо влијание има количеството на сонце кое го впиваат додека се сеуште во мајчината утроба, достапните свежи намирници кои ги практикува трудницата во својата исхрана.

Попаметни се и покрупни

Тргајќи ја настрана астрологијата, луѓето не се имуни на влијанијата од секое годишно време. Исто така бебињата родени во зима се покрупни и потешки, како и повисоки во споредба со своите врсници. Според одредено истражување, каде што се проучувал развојот на 21.000 момчиња и девојчиња, се покажало дека зимските деца имаат подобри резултати на тестовите за интелигенција од останатите.

Другата стана на медалата носи проблеми. Некои истражувања утврдиле дека повеќето деца со јаки алергиски реакции на храна се родени во зимските месеци.

Недостиг на витаминот Д

Иако не се знае точната причина, научниците претпоставуваат дека поради слабата изложеност на витаминот Д кој се апсорбира преку сонцето, зимските бебиња имаат помала коскена маса и послаби коски од летните деца.

Недостатокот на сончевата светлина влијае и врз развојот на депресија, како и врз развојот на невролошки пореметувања, како што е шизофренијата. Имаат и десет проценти поголеми шанси да се родат порано од предвидениот термин, а како значајна причина за тоа, научниците ја наведуваат сезоната на грип.




Коментари

коментари