Ѕирнете во луксузниот стан на Џенифер Лопез

Џенифер Лопез го продава својот стан во Њујорк по цена од 26,95 милиони долари. Пентхаусот кој опфаќа два спрата има поглед на Medison Square паркот на Менхетен и изгледа фантастично.

 

Тој  се состои од четири спални соби, шест бањи, и две простории кои претставуваат посебно одвоени тоалети, кујна на отворено, музичка соба, гардеробер и перална. Сите простории завземаат околу 610 квадрати, а плус сето тоа доаѓаат и четири балкони кои опфаќаат површина од 288 квадрати.

Според некои шпекулации, станот е даден на продажба откако музичката ѕвезда и нејзиното момче Алекс Родригез одлучиле да купат заеднички стан во кој ќе живеат заедно.

Погледнете како изгледа импресивниот стан на пеачката..




Коментари

коментари