Знаете ли колку пати дневно би требало да мокрите? Докторите ја откриваат оваа важна бројка!

Преку мокрењето телото се ослободува од токсичните материи и вишокот течности, а бојата на урината може да ви открие многу работи за вашето здравје. Освен на бојата на урината, многу е важно да обрнете внимание и на тоа колку често мокрите во текот на еден ден.

Колку пати ќе мокрите дневно најнапред зависи од тоа колкава количина на течности ќе внесете во организмот. Но, сепак постои оптимална бројка и сѐ што ја надминува може да претставува знак за некој здравствен проблем.

„Некои жени мократ на секој час и мислат дека тоа е нормално. Но, одењето во тоалет сепак не треба да биде толку често. Најдобро е да се мокри 6 до 7 пати дневно. Тоа е оптималната бројка, ако сте испиле два литри вода. Што се однесува до одењето во тоалет навечер, едно ноќно мокрење е сосема нормално“, објаснуваат специјалистите за урологија.

Што се однесува до жените кои мократ на секој еден час, најчесто се работи за две можности.

„Доколку не постојат симптоми типични за воспаление на мочниот меур како што се пецкањето и болката при мокрењето, другата најчеста причина за зачестеното мокрење е кога жената има меур кој е прекумерно активен. Тоа значи дека меурот се полни со малку урина, а личноста чувствува неочекувана потреба за мокрење. Прекумерно активниот меур најчесто се лечи со таблети“, откриваат специјалистите.

Спротивно на тоа, некои луѓе имаат премногу ретка потреба за мокрење. Тоа значи дека личноста не внесува доволно течности, односно дека е дехидрирана.

Обрнете внимание на оваа важна бројка за вашето здравје и доколку забележите некои неправилности, преземете ги потребните мерки за да ја зачувате благосостојбата на организмот.




Коментари

коментари