Категории

Зошто кај некои луѓе се појавуваат дупчиња на образите?

Дупчињата на лицето многу луѓе ги сметаат за поатрактивни и шармантни, но никој не знае зошто и како всушност настануваат.

Дупчињата се видливи вдлабнатини на кожата на лицето, најчесто на образите или брадата, и се појавуваат привремено додека лицето се смее или зборува.

Но како настануваат?

Најчесто настануваат поради некое генетско пореметување. Недоволно развиениот мускул доведува до вакво деформирање на образите или брадата, кое најчесто се јавува уште во првите фази на развојот на бебето. Овој симбол за убавина настанува кога поткожното сврзно ткиво не се правилно оформиа за време на развојот на ембрионот.

Некои деца и млади имаат дупчиња кои во староста исчезнуваат, па затоа дупчињата се сметаат и за симбол на младоста.

Тие не се опасни по здравјето но некои од нив се појавуваат и на лице кое е полно со масни наслаги. Но, овие дупчиња не се трајни, туку се губат кога масните наслаги ќе се стопат.

Потребен е само еден ген за да ги наследите. Но, тоа не значи дека ако еден од вашите родители ги има, тогаш ќе ги имате вие 100%. Во тој случај имате 25-50% шанси да ги наследите.

Дури и ако двајцата родители ги имаат, сепак шансите за нивно наследување се движат измеѓу 50 и 100%.

Прегледи:
944
Објавено на:
30.08.2016