Категории

Зошто на некои луѓе им смрдат стапалата? Не е поради потта!

Многумина мислат дека само потта е вистинкиот виновник за непријатниот мирис на стапалата, но вистинските “тригери” за оваа појава се кријат зад потта…

 1.ХОРМОНИ

 Разни хормонални промени го менуваат и функционирањето на потните жлезди а со тоа и производството на потта, па затоа и влијаат врз мирисот на нашето тело.

Од оваа причина, бремените жени, младите девојки со проблематична кожа и жените во менопауза често можат да забележат дека им се менува мирисот на стапалата поради засилено лачење или недоволно производтсво на одредени хормони.

 2.СТРЕС

 Потта која ја произведува нашето тело за време на стрес е поинаква од “стандардната” пот која се создава поради топлина или физичка активност. Поточно, се произведува во поинакви потни жлезди и затоа нивниот мирис е значително поинтензивен и непријатен.

 Ако главниот тригер за вашиот стрес е работата, носете со себе резервен пар чорапи за да можете да ги промените старите доколку забележите дека мирисот станал “пресилен”. На овој начин ќе си ја олесните борбата против непријатниот мирис на стапалата.

 

1 2

Прегледи:
742
Објавено на:
13.03.2016