Категории

Зошто на секому му е потребна среќа?

Постојано луѓето  се во  потрага по среќа. Има една изрека која гласи: „Токму она што го бркаш, бега од тебе.“  Колку почесто ја бараме среќата надвор од себе, таа ќе бега од нас и на трката никогаш нема да и дојде крајот.

Токму поради тоа, прочитајте ги следниве прекрасни мисли за среќата кои ќе направат да се насмевнете и ќе ви го разубават денот.

„Дури и ако среќата ве заборави накратко, таа никогаш во потполност не ве напушта.“ – Жак Превеr

„Имаме навика да забораваме дека среќата не доаѓа како резултат на добивање нешто што го немаме, туку прифаќање на тоа што го имаме.“ – Фредерик Кониг

„Користете ја насмевката да го промените светот, не му дозволувајте на светот да ја менува вашата насмевка.“ – Непознат автор

„Секоја насмевка ве подмладува за еден ден.“ – Кинеска поговорка

„Ако сте презафатени за да се насмевнете, тоа значи дека сте презафатени.“ – Поговорка

„Не престануваме да играме затоа што старееме, туку старееме кога ќе престанеме да играме.“ – Џорџ Бернард Шо

„Оптимизмот е магнет за среќа. Ако бидете позитивни, ќе привлекувате добри работи и добри луѓе.“ – Мери Лу Ретон

„Насмевнете се и ќе имате пријатели, намуртете се и ќе имате брчки.“ – Џорџ Елиот

„Забележав дека ако го сакаш животот и животот ќе те сака тебе.“ – Артур Рубинштајн

„Еј, денес немам ништо друго да правам освен да се смеам.“ – Пол Сајмон

„Ако се насмевнеш некому, можеби ќе ти возврати.“ – Непознат автор

„Ако сега се насмевнете, ќе забележите дека животот и понатаму вреди да се живее.“ – Чарли Чаплин

„Потребно е многу енергија за да бидете негативни. Морате да се трудите за тоа. Затоа насмевката е безболна. Попрво ќе ја трошам енергијата на смеење.“ – Ерик Дејвис

„Понекогаш радоста е причина за насмевка, но и насмевката може да биде поттик за радост.“ – Тих Нхат Хан

„Три основни работи потребни за среќа: да правиш нешто, да сакаш некого и да се надеваш на нешто.“ – Џозеф Адисон

„Не си осамен ако ти се допаѓа личноста со која си осамен.“ – Вејн Дајер

„Среќата не е дестинација, туку патување.“ – Маргарет Ли Рунбек

„Не се прашувај што му треба на светот. Запрашај се што тебе те прави жив и насочи се кон тоа. Затоа што на светот му се потребни луѓе кои се чувствуваат поживи од кога било.“ – Хауард Труман

„Токму ти си нечија причина за насмевка.“ – (Непознат автор(

Прегледи:
412
Објавено на:
17.01.2018