Категории

Зошто не можете да заспиете?

Доколку сте станале рано, сте имале напорен ден и вечерта повторно не можете да заспиете, сигурно има причина за тоа. Несоницата претставува нарушување на спиењето предизвикано од  психијатриски или медицински проблеми, а наоѓањето на причината е прв чекор кон мирен и квалитетен сон. 

Луѓето кои патат од  несоница имаат проблеми пред се да заспијат, потоа да може да спијат во различни услови и да останат заспани колку што им е потребно за да се одморат.

Самата несоница е поврзана и со дневна поспаност , проблеми со меморијата односно концентрацијата, раздразливост, депресија, зголемена опасноста од срцеви заболувања и други функционални нарушувања на телото и умот додека сте во будна состојба.

Поголем број од возрасните луѓе имаат искуство со несоница во одреден момент, но некои луѓе имаат постојана несоница, што може да претставува сериозен проблем. Доколку несоницата ве попречува да ги завршувате обврските во текот на денот, консултирајте се со  вашиот лекар за да утврди што може да биде причината за вашиот проблем и како да го третирате.

Луѓето кои имаат проблем со спиењето повремено посегнуваат по апчиња за спиење, што може да им помогне, но доколку се користат често, апчињата може да доведат до зависност и  влошување на квалитетот на сонот.

Што може да биде причината за несоница?

Депресија

Несоницата може да биде предизвикана од психијатриска состојба како што е депресија. „Борбата“ со психолошките проблеми, односно симптомите на депресија го отежнуваат заспивањето, а опасноста од тешка несоница е многу повисок кај пациенти со големи депресивни нарушувања.

Стрес

Загриженоста за здравјето, работата, семејството, финасиите на подолг рок, може да го задржи вашиот мозок активен во текот на ноќта, а со тоа заспивањето ќе ви биде многу тешко. Стресни животни настани како што се болест или смрт на некој близок, развод, губење на работното место покрај другите проблеми на вашиот организам доведуваат и до несоница.

Анксиозност

Секој дневната вознемиреност (или анксиозност), како што се грижа за идни настани, моментална напнатост, или  мисли за некои минати случки кои ве вознемириле, особено ако ги чуствуате кон крајот на денот кога всушност и треба да се одморите, го отежнуваат заспивањето. И самата  загрижени за тоа дали ќе можете да заспиете, кога мислата ви е насочена на нешто друго, нема да ви дозволи мирно да спиете и да соберете сила за следниот ден.

Медицински состојби

Во многу  случаи и медицинската состојба предизвикува несоница, но и тоа повторно е поврзано со психата. Симптомите на болеста предизвикуваат нервоза што на човекот може да  му прави мачнини за  да заспие. Ако имате проблеми во дишењето, хронична болка или честа потреба за мокрење, исто така може да се развие несоница.

Начин на живот

Нездравиот начин на живот се одразува на спиењето и може да ви создаде несоница. Па така на пример:

  • Кога работатите во текот на ноќта. Ова ќе ви направи потешко да се смирите, да се чувствувате преокупирани токму во периодот кога треба да спиете.
  • Куси дремки преку ден, може да бидат корисни за некои луѓе, но за повеќето тоа може да создаде потешкоии за мирен сон во текот на ноќта.
  • Работенњето во смени. Невообичаени работни часови може да го збунат часовникот на вашето тело, особено ако се обидувате да спиете во текот на денот за да работите ноќе, а по некој ден морате да го смените распоредот.
  • Лекови. Многу лекови кои ги земаат луѓето за разни потреби може да го пореметат спиењето, како што се лекови за алергија, антидепресиви, лекови за срцето и крвниот притисок.
  • Кафе, никотин, нездрава храна и алкохол. Пиењето кафе во доцните попладневни часови или навечер го отежнува заспивањето. Никотинот делува како стимулант, но влијае на несоницата. Пушењето цигари во просторија каде се спие може да ви го отежне заспивањето и спиењето во текот на целата ноќ, иако мислите дека сте проветриле, сепак дел од никотинот секогаш останува во просторијата и ви влијае на сонот. Алкохолот е седатив кој на многу луѓе им помага да заспијат, но ги спречува подлабоките фази на спиење и знае да ве натера често да се будите во текот на ноќта. Кога ќе консумираат премногу храна пред спиење, а особено ако е тоа брза храна, грицки и слично, дигестивниот систем се „бори“ да ги обработи, а тоа предизвикува потешкотии  да заспиете и непречено да спиете 8 часа колку што вообичаено е потребно за вашето тело да биде одморено и подготвено за следниот ден.
Прегледи:
1133
Објавено на:
07.04.2017