Категории

Зошто принцезите од Дизни секогаш носат фустани во сина боја?

Знаете ли што имаат заедничко заспаната убавица, Бела од „Убавицата и ѕверот“, Елса од „Замрзнато“ и Јасмин од „Аладин“? Сите главни женски ликови од цртаните филмови на Дизни многу често носат облека во сина боја.

„Најпрво, сината боја го претставува небото. На небото му се радуваме. Сината боја влева доверба. Дури и кога е облачно, знаеме дека е таму“, Леатрис Ајсман, извршна директорка на институтот „Pantone Color“ ја открива симболиката на сината боја.

Со тоа што креаторите од Дизни ги облекуваат женските ликови во сина боја, на многу суптилен начин им даваат посебна сила и дополнително значење.

Но, овој трик не го користат само аниматорите, туку и продуцентите на долгометражни филмови кои ги облекле во сино Дороти од „Волшебникот од Оз“ (The Wizard of Oz), Мистик од филмскиот серијал „Икс-Мен“ (X-Men), па дури и Лара Крофт од оригиналната видео игра „Ограбувач на гробови“ (Tomb Raider).

„Сината облека има активна сила, практична е и со неа можат да се прават многу работи. Светло сината боја има и доза на префинетост. Бела е единствената која носи сино во нејзиното село. На тој начин се издвојува од другите“, објаснила костимографката Жаклин Дуран која ги дизајнирала костимите на Ема Вотсон во филмската адаптација на анимираниот филм „Убавицата и ѕверот“.

Нареден пат кога ќе сакате да оставите посебен впечаток, послушајте го модниот совет од Дизни принцезите и блеснете во сино!

Прегледи:
774
Објавено на:
10.03.2017