Категории

Зошто треба да им бидеме благодарни на бабите и дедовците?

Луѓето велат дека времето поминато со баба и дедо е најубаво. Многу од децата ќе се согласат со оваа констатација. Но, дали сте се запрашале зошто е тоа така?

Бабите и дедовците се тука уште од првиот ден на раѓањето на своите внуци. Тие веднаш ги засакуваат како да се свои и веднаш даваат се од себе за да им угодат.

Тие знаат трпеливо да седат со своите внуци и уживаат да ги гледаат нивните омилени цртани филмови. Кога им доаѓаат на гости, дедовците и бабите секогаш доаѓаат со насмевка на лицето, додека во една рака ги кријат омилените чоколади на нивните внучиња.

Бабите често ги прават омилените јадења на внучињата, а  дедовците знаат со часови да минуваат на теписонот, да се трансформираат во коњчиња или пак, да сложуваат коцки.

Исто така, секогаш одвојуваат од својата скромна пензија со цел да им купат играчка, сладолед или пак за да ги однесат на прошетка во луна паркот.

И, секако, пред спиење, тие знаат да раскажуваат најубави, најволшебни приказни кои децата најдолго ги паметат.

Затоа, никогаш не ги заборавајте бабите и дедовците. Вечно бидете им благодарни за љубовта која ви ја пружиле и задоволствата кои ви ги овозможиле.

 

Прегледи:
995
Објавено на:
11.01.2018