Зошто жените плачат?

Едно мало момче ја прашало својата мајка: “Мамо, зошто плачеш?“

“Затоа што сум жена.” – му одговорила таа.

“Не разбирам.” – рекло момчето.

Мајката само го прегрнала и кажала: “Никогаш и нема ни да разбереш.“

Подоцна го прашало својот татко: “Зошто мама плаче без причина?“
“Сите жени плачат без причина.” – било единственото што таткото можел да му каже.

Момчето пораснало, станало маж и сеуште се прашувало зошто жените плачат. На крај го повикало Бог и го прашал: “Боже, зошто жените толку лесно се расплакуваат?“
Бог му одговорил: “Кога ја создавав жената мораше да биде посебна.
И дадов раменици, доволно јаки за да ја носат сета тежина на овој свет, а сепак доволно нежна да може да пружа утеха.
И дадов внатрешна сила, да го поднесе раѓањето и одбивањето кое често пати го добива од своите деца.
И дадов цврстина која и овозможува да оди напред кога сите ќе се откажат, и да се грижи за своето семејство во период на болести и неволји без приговор.
И дадов чувствителност за да ги сака своите деца без оглед на сè, дури и ако нејзиното дете многу ја повредило.
И дадов сила да го носи својот маж низ неговите грешки и ја сочинив од неговото ребро за да го штити неговото срце.
И дадов мудрост за да знае дека добриот маж никогаш не би ја повредил својата жена, ама дека повремено ја тестира нејзината сила и одлучност постојано да биде покрај него.
И најпосле, и дадов солзи за да се исплаче.
Тие се само нејзини и ги користи кога и да и затребаат.
Гледаш сине мој, убавината не е во облеката која ја носи, во нејзиното тело, или во начинот на кој се чешла.
Убавината на жената мора да се види во нејзините очи, бидејќи тоа е влезот во нејзиното срце – место каде што живее љубовта.“




Коментари

коментари