1 милион видови животни ќе исчезнат поради човечката негрижа според Обединетите Нации

Извештајот на ОН открива дека човековата експлоатација на природниот свет доведува до поразителниот факт дека милион растителни и животински видови се наоѓаат на работ на истребување. Извештајот, спроведен од платформата на наука и политика за биолошка разновидност и екосистемски услуги, предупреди дека стапките за истребување на видовите растат со неверојатна брзина поради климатската криза предизвикана од човекот и економската активност.

Според извештајот:

  • Просечното присуство на видовите во големите копнени живеалишта опадна за најмалку 20% од 1990 година;
  • Повеќе од 40% од водоземните видови, речиси 33% од коралите кои формираат гребен, и повеќе од една третина од сите морски цицачи се загрозени;
  • Статистичките податоци се помалку јасни за инсектите, но достапните докази посочуваат дека околу 10% од нив се загрозени;
  • Најмалку 680 видови на ‘рбетници биле доведени до исчезнување од 16-тиот век, а повеќе од 9 проценти од сите домашни видови на цицачи што се користат за храна и земјоделство изумреле до 2016 година, а најмалку 1.000 раси сè уште се загрозени.

Енди Пурвис, професор во Природонаучниот музеј во Лондон и еден од главните автори на извештајот, изјави дека наодите покажуваат дека “општеството во кое би сакале нашите деца и внуци да живее е во вистинска опасност”.




Коментари

коментари