Категории

1-ви јули е Светски ден на смеата – предлог комичари кои се достапни на Нетфликс

Денес е светски ден на смеата. Прославете го со тоа што ќе изгледате некој/а од интересните комичари и комичарки на Нетфликс.

 

Iliza Shlesinger

Илајза е навистина свежо лице во светот на комедијата. Популарна е по своите смешни изведби со различни гласови. Зборува на секакви теми, од излегувања со другарките, до свадби, и секако, за феминизам – како што и се очекува од една жена комичар.

John Mulaney

Познат е и како актер (особено во Спајдермен од 2018), но и како комичар. Неговиот стил на облекување и зборување ќе ве врати назад во 60-тите години. Изгледа и разговара како да е излезен од серијата Mad Men, а самата содржина на комедијата му е одлична.

Gabriel ‘Fluffy’ Iglesias

Флафи е смеење од почеток до крај. Разговара за тоа како е да си популарен Латино-Американец, раскажува приказни за син му и за средби со други популарни личности.

Sarah Silverman

Како малку повозрасна жена во светот на комедијата (моментално има 49 години), Сара својата комедија ја базира врз многубројни и пресмешни животни искуства. Отворено зборува за непријатни здравствени проблеми, за врски и за многу други теми, со неверојатна свежина.

Прегледи:
209
Објавено на:
01.07.2020