10.000 луѓе им посакаа добредојде на слониците Дуња и Даела во Зоолошка градина Скопје

Денес, Зоолошката градина Скопје забележа рекордна посетеност со доаѓањето на слониците Дуња и Даела. На забавата по повод доаѓањето на слониците насловена „За европска Зоолошка“  настапија хорот на Златно злавејче и Пет+ бенд. По тој повод, денес скопската зоолошка беше домаќин на 10.000 љубители на животните.

 

View this post on Instagram

 

Им посакавме топло добредојде на #ДуњаИДаела 🐘❤

A post shared by Skopje ZOO (@zoo_skopje) on


„Дуња и Даела се слончиња кои целиот свој живот го поминале во циркус. Тие биле дел од циркусот „Максимум“, каде што биле донесени уште од бебиња. Таму знаете каков е циркускиот живот. Слоновите сепак, не се среќни таму. Но, еве, конечно може да кажеме дека ќе здивнат и дека овде, во Скопје, ќе имаат еден мирен пензионерски живот”, изјави Тина Мицковска, портпаролка на Зоолошката градина Скопје.

Двете нови жителки на Зоолошка градина Скопје се најдбри другарки. Дуња е азиска слоница, има 48 години и е најголемата во Европа. Даела е африканска слоница, но не обична, туку шумска слоница. Таа има 30 години.

Отсега сите љубители на животните имаат уште една причина плус да ја посетат нашата зоолошка градина, истражувајќи го светот на животните преку дружење со нив.




Коментари

коментари